
Трент Александар-Арнолд ја обнови повредата на коленото поради која десниот бек пропушти три натпревари со Ливерпул во јануари. Поради оваа причина англискиот репрезентативец повторно ќе биде надвор од терените неколку недели, а извесно е дека нема да му биде на располагање на Јирген Клоп за финалето на Карабао купот против Челси на 25 февруари.
Трент првично се здоби со повреда на коленото за време на натпреварот со Арсенал во ФА Купот. Се врати против Норич, а потоа влезе како замена против Челси, но стартуваше против Арсенал и Барнли.
Во неделата, сепак, тој беше заменет на полувремето откако почувствува болка во истото колено. Сѐ уште не е јасно колку натпревари ќе пропушти заменик-капитенот на Ливерпул, но нема шанси да игра во пресметките со Брентфорд, Лутон и со Челси.
Учеството и на Доминик Шобошлаи во финалето против Челси исто така сѐ уште е неизвесно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
