Реал Мадрид оствари минимален триумф (0-1) на гости против Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од 75.минута, кога влезе на местото на Дани Олмо.
BRAHIM DIAZ WHAT A GOAL! 🤯 pic.twitter.com/Pjt3DPEptV
— TC (@totalcristiano) February 13, 2024
„Кралевите“ славеа со голот на Брахим Дијаз во 48.минута. Покрај стрелецот, херој беше и голманот Андриј Лунин, кој имаше неколку клучни одбрани на овој дуел. Реваншот се игра на 6. март на „Сантијаго Бернабеу“.
Актуелниот европски првак Манчестер Сити победи со 1-3 на гости кај Копенхаген и практично го осигура пласманот во четвртфиналето, иако ќе следи реванш на „Итихад“.
Кевин де Бруин беше стрелец во десеттата минута, а потоа имаше уште две асистенции, при головите на Бернaрдо Силва во 45.минута и на Фил Фоден во 93.минута од мечот.
Копенхаген единствениот гол го постигна преку Магнус Матсон во 34.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal