Крилниот напаѓач на Џирона, Савио, може да се смета за сигурно ново засилување за Манчестер Сити, тврдат медиумите на Островот. Бразилецот на лето ќе ги засили „граѓаните“.
Савио е во сопственост на „Сити фудбал груп“, преоѓајќи од еден тим во друг. Тој беше купен од Атлетико Минеиро во летото 2022 година и испратен во францускиот тим Троа.
Следното лето тој се префрли во Џирона, а од новата сезона Јужноамериканецот ќе биде дел од Манчестер Сити.
Савио има седум гола и седум асистенции на 27 натпревари за Џирона оваа сезона.
Тој ќе стане второто летно засилување на „граѓаните“ по Клаудио Ечевери од Ривер Плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













