Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, дуелите со Баерн Минхен во осминафиналето на ЛШ ги прифаќа како уште еден голем предизвик, и лично и за целиот клуб. Утревечер италијанскиот тим му гостува на германскиот првак во првиот осминафинален меч, а и двете екипи не се во најдобра форма.
„Очигледно е дека ќе ни биде многу тешко, но не сме исплашени. Ние сме оптимисти и, како што рече и тренерот Маурицио Сари, мора да се подготвиме и за најмалите детали за да можеме да му отежнеме на противникот“, изјави капитенот на Лацио, Чиро Имобиле.
„Ние се водиме од желбата да продолжиме да го покажуваме најдоброто од себе. Сакаме да направиме нешто посебно за нашите навивачи“, посочи напаѓачот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













