Connect with us

Премиер-лигата и официјално го одобри влезот на Џим Ретклиф во Манчестер Јунајтед

Договорот за стекнување на 25% од акциите на Манчестер Јунајтед од страна на британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф конечно доби официјално одобрение од Премиер – лигата. Уште во декември, претседателот на компанијата „Инеос“ постигна договор со семејството Глејзер да купи 1/4 од акциите на клубот за 1,3 милијарди фунти.


Минатиот месец, Британецот ја сподели својата надеж дека во средината на февруари неговиот влез во Манчестер Јунајтед ќе биде официјализиран. Од денеска тоа е веќе факт откако раководството на Премиер – лигата преку соопштение за медиумите објави дека договорот е одобрен откако купувачот успешно го поминал традиционалниот тест за проверка на сопственикот и извршниот директор.

Премиер – лигата прецизираше дека договорот е за купување на 25% од сопственоста, плус дополнителна инвестиција од 300 милиони долари во клубот. Единствено што очекуват од лигата е потврда на соодветните трансакции.

Целиот процес ќе биде финализиран во рок од неколку дена, бидејќи договорот мора да добие одобрение и од Фудбалската асоцијација на Англија, што е потребно главно поради учеството на клубот во женската Суперлига.

Така, Ретклиф и неговиот тим ќе почнат и официјално да управуваат со клубот, барем што се однесува до фудбалските операции. Во оваа насока веќе започнаа промени со назначувањето на Омар Берада за нов извршен директор на клубот. Тој, Сер Дејв Брејлсфорд и Жан-Клод Блан ќе бидат личностите кои ќе ги носат важните одлуки во иднина. Клубот наскоро треба да добие и нов спортски директор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови