Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, повторно отсуствуваше од тренингот во понеделникот, а бундеслигашот соопшти дека се работи за замор.
Нојер не тренираше минатата недела поради проблеми со коленото, но играше во саботниот пораз од 3-0 од лидерот Баер Леверкузен.
Се очекува тој да го започне првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите в среда против италијанскиот калчолигаш Лацио.
Баерн соопшти дека бекот Нусаир Мазрауи исто така почувствувал замор, додека Брајан Сарагоса се вратил на тренинзите откако го надмина грипот.
Баварците ќе се обидат да се вратат на победнички патеки по поразот од Баер Леверкузен на претстојните два натпревари, против Лацио во ЛШ и во Бундес – лигата против Бохум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













