Како по обичај, со секоја пауза во националните првенства, бројни се шпекулациите за трансфер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, и еден од најталентирани европски фудбалери.
По промената на тренерот во Наполи, и доаѓањето на Џенаро Гатузо, се активираа и гласините за заминување на Елмас и негова преселба во турски Бешикташ. Но, таткото на Елиф, Џеват Елмас, кој заедно со Никола Ѓошевски се грижат за кариерата на македонскиот дијамант, во интервју за италијанскиот „Калчомеркато“ ги демантира сите тие гласини категорично наведувајќи дека Елиф останува во Наполи.
„Елиф останува во Наполи! Шпекулациите за Бешикташ не се вистините… Многу италијански и европски клубови го посакуваа во летниот период, но ние и денеска сме убедени дека Наполи е вистинскиот избор“ – вели Џеват Елмас.
На Елмас веројатно му е неопходно и малку повеќе време да се навикне на италијанскиот фудбал и на Наполи, кој се чини немал ваква комплицирана сезона веќе седум години.
„За секој фудбалер првите шест месеци во нов клуб се секогаш најважни. Сега тој многу подобро ја знае Серија А, противниците но и се навикна на своите соиграчи. Па, без сомнение, очекуваме подобар втор дел од сезоната. Целите на Елиф се да се освојува трофеи во иднина со Наполи, а негова лична амбиција е еден ден да биде и најдобриот фудбалер во Европа“ – вели таткото и менаџер на Елиф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













