
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, не го криеше разочарувањето од најновиот неуспех, ремито (3-3) против Гранада на домашен терен.
Тој призна дека на Каталонците им станува сѐ потешко да ја освојат Ла Лига, но никој во клубот нема да се предаде до крајот. Барселона заостанува 10 бода зад лидерот Реал Мадрид.
„Направивме неприфатливи грешки. Имавме неколку можности да поведеме со 2-0, но ги пропуштивме. Морам да признаам дека тимот на Гранада одигра многу добро. Ни недостигаше брзина во нападот, а во одбраната му подаривме многу подароци на противникот. Сè потешко е да се освои титулата, но нема да го фрламе пешкирот. Заостанувањето е големо, но не е невозможно да се стигне до лидерот. Не успеавме на натпреварот со Вилјареал, потфрливме и против Гранада, бидејќи не ги искористивме нашите шанси“, изјави Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
