Connect with us

Му открија канцер, мина низ хемотерапија, а потоа стана јунак на Африка

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска стана шампион на Африка по третпат во својата историја, откако во синоќешниот натпревар за титулата ја совлада Нигерија со 2-1. Финалето се одигра во Абиџан пред 60.000 гледачи, а херој беше Себастијан Але.

Иако едвај ја мина групната фаза од натпреварувањето со една победа и два порази, од кои едниот ѝ го нанесе Нигерија, поради што претходниот селектор Жан Луис Гасет доби отказ среде турнир, а тимот привремено го презема Емерсе Фае, Брегот на Слоновата Коска на крајот стигна до својата трета титула во петтото финале на Африканскиот куп на нации. Таа ги освои претходните две во 1992 и 2015 година.


Нигерија подобро го отвори финалето и поведе во 38. минута со голот на Вилијам Труст-Еконг. Пресвртот дојде со головите на Франк Кеси во 62. минута, а потоа и на Себастиен Але во 81. минута.
За помалку од две години, Але од пеколот и стравот за својот живот, кога му беше дијагностициран рак на тестисите, се претвори во херој на нацијата.

Борусија Дортмунд во него најде замена за незаменливиот Ерлинг Халанд. На 6 јули тој прејде во Дортмунд за отштета од 35 милиони евра. Дванаесет дена подоцна се пчувствува лошо на тренинг во Швајцарија. Тој веднаш беше испратен во Дортмунд, каде тестовите покажаа дека 28-годишниот голгетер има рак на тестисите.

Але го пропушти поголемиот дел од сезоната поради операција и хемотерапија, но потоа се врати и стана клучен играч во трката за титулата на Борусија Дортмунд. Ја влечеше Борусија со голови, ја задржа на првото место, а потоа во последниот натпревар од сезоната пропушти две клучни шанси во ремито 2-2 против Мајнц.

Себастиен Але не успеа да стане херој на Дортмунд, но стана херој на својата татковина. Откако го постигна единствениот гол против Конго во полуфиналето на Африканскиот куп на нации и го однесе Брегот на Слоновата Коска во финалето на континенталниот турнир, тој синоќа ја комплетираше неверојатна приказна со победнички гол за титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови