
Германскиот првак Баерн Минхен би можел по повеќе од една деценија доминација да ја загуби шампионската титула во Бундес-лигата, откако тимот загуби убедливо (3-0) од Баер Леверкузен, кој сега има пет бода предност на врвот на табелата.
Португалскиот стратег Жозе Мурињо е името кое „Билд“ го најавува како можен наследник на Томас Тухел, од кого навивачите бараат да си замине од клубот. Сѐ уште нема конкретни преговори, со оглед дека раководството му даде доверба на Тухел и по вчерашниот болен пораз, но јасно е дека шпекулациите, но и притисокот кон тренерот, ќе се зголемат во наредниот период.
Мурињо е без работа откако неодамна се раздели со Рома, а досега нема работено во Бундес-лигата и тоа секако за него би бил нов голем предизвик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
