Connect with us

Анчелоти: Победа над Џирона нема да ни ја донесе титулата

Реал Мадрид има два бода повеќе од Џирона на врвот на табелата во Ла Лига, а утревечер ќе го пречека каталонскиот тим на „Сантијаго Бернабеу“. Искусниот стратег Карло Анчелоти вели дека тоа не е „меч за титулата“ како што го најавуваат во шпанските медиуми.


Италијанскиот тренер не смета дека евентуалниот успех на неговиот тим ќе му го гарантира и шампионскиот пехар.

„Ќе биде тежок натпревар бидејќи противникот игра навистина одлично. Го почитуваме за она што го постигна досега во текот на сезоната. Но, кој и да победи, ќе добие само три бода повеќе од другиот. Остануваат уште многу натпревари, шампионот ќе биде решен во подоцнежната фаза од сезоната. Колку побрзо собереме 80 бода, толку ќе бидеме поблиску до титулата“, изјави Карло Анчелоти.

Тој објасни и што се случува со дел од повредените фудбалери.

„Винисиус е добро. Рудигер тренираше денес и генерално се чувствува добро, но за него ќе одлучиме утре. Нема да ризикуваме, ако има и најмал сомнеж. Сепак, Начо е надвор од составот. Тој денеска продолжи со индивидуалните тренинзи и ќе биде достапен во вторник“, истакна тренерот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови