Барселона размислува за летен трансфер на напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, објави „Ел Насионал“. Аргентинскиот напаѓач има да одработи само една година од актуелниот договор со „џалоросите“, а неговата иднина е неизвесна бидејќи клубот допрва треба да се обиде да ја обнови соработката.
По отказот на Жозе Мурињо од Рома претходно во јануари, Дибала би можел да размислува за заминување од главниот град на Италија.
Според „Ел Насионал“, Барселона е заинтересирана за поранешниот играч на Јувентус и би можела да ја плати неговата отштетна клаузула следното лето.
Спортскиот директор на Барса Деко е голем фан на Дибала и сака да го види во тимот на Барселона следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













