Connect with us

Ливерпул се загреа за американската ѕвезда на Фулам

Ливерпул ја следи ѕвездата на Фулам, Ентони Робинсон, и ќе се обиде да го ангажира во текот на летото. 26-годишниот лев бек е стартер во тимот на Марко Силва и ги импресионираше скаутите на „црвените“ кои го гледаа оваа сезона.


Анализата на „црвените“ покажа дека Робинсон е уште поефикасен за Фулам отколку што сугерира основната статистика на дефанзивецот. Американецот води на топ листите за прекини оваа сезона (58) – 18 повеќе од Џејмс Тарковски од Евертон на второто место. Тој е и меѓу најдобрите бекови во Премиер – лигата кога е во прашање играта еден на еден.


Робинсон оваа сезона имаше 29 настапи во сите натпреварувања за Фулам, забележувајќи пет асистенции. Американскиот репрезентативец дојде во Фулам од Виган во 2020 година и има договор со лондончани до летото 2028 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови