Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, речиси сигурно нема да игра на важниот меч против Џирона во сабота, пренесува мадридски „АС“.
34-годишниот капитен на „кралевите“ доби истегнување на ногата и има непријатност, поради што треба да одмора неколку дена. Реал Мадрид сѐ уште има мала надеж дека играчот може да се опорави за мечот во сабота, но шансите за тоа се само неколку проценти.
Се очекува Начо да биде задржан на гостувањето кај Лајпциг следната недела во Лигата на шампионите, бидејќи вчера не тренираше и се очекува да го пропушти тренингот денеска.
Опоравените Антонио Рудигер и Аурелиен Чуамени најверојатно ќе стартуваат во срцето на одбраната на Реал Мадрид против Џирона, а како опција е и Дани Карвахал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













