Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да го пресели чудото од дете на Лил на „Сантијаго Бернабеу“. Лени Јоро е означен во клубот како идеално решение за иднината на клубот на стоперските позиции. Има осумнаесет години, француски репрезентативец е до 21 година и доколку Реал сака да го донесе ќе мора да потроши цело богатство.
Лени Јоро е под договор со Лил до јуни 2025 година, а и фудбалерот и клубот се свесни за интересот на Реал.
Наводно, „кралевите“ на Јоро му сугерирале да го одбие продолжувањето на договорот со актуелниот клуб за да може Реал да го доведе по пониска цена од онаа што моментно ја бара Лил. Таа изнесува 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













