
Новиот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, веќе подготвува планови за освежување на тимот во текот на летото. Тој ќе вложи сериозни инвестиции за засилување на составот за следната сезона, а според информациите на „Калчомеркато“, милијардерот веќе ја означил својата приоритетна цел за селекцијата.
Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Глејсон Бремер. 26-годишниот Бразилец има уште една одлична сезона во дресот на „бјанконерите“ и тоа го привлече вниманието на Ретклиф, кој во него гледа решение за проблемите на „црвените ѓаволи“ во срцето на одбраната. Сепак, Ретклиф ќе мора сериозно да го одврзе ќесето бидејќи играчот неодамна потпиша нов договор со Јувентус и неговата цена е над 70 милиони евра.
Засилувањето на одбраната ќе биде главен приоритет на Манчестер Јунајтед за летото. Иднината на Рафаел Варан во клубот е прилично нејасна и се повеќе се шпекулира дека тој ќе го напушти „Олд Трафорд“. Хари Мегваер одамна е на удар, а договорот на Џони Еванс исто така истекува и најверојатно нема да биде обновен.
Покрај тоа што е заинтересиран за Бремер, Манчестер Јунајтед веќе подолго време е поврзуван и со дефанзивецот на Ница, Жан-Клер Тодибо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
