Најтрофејниот македонски клуб Вардар стигна до вториот триумф на подготовките во Анталија откако го совлада украинскиот тим Колос со 2-0. Двата гола „црвено-црните“ ги постигнаа во финишот на првото полувреме.
Лемос во 41.минута го отвори резултатот, а Марјан Ристовски веќе во следната акција зголеми ја 2-0.
Во второто полувреме, Колос имаше пенал, но не успеа да го реализира.
Шкупи ремизираше (1-1) против украинскиот тим Оболон Киев. Гренер го доведе Шкупи во водство, а израмни Суханов.
Кожуф го победи Осогово со 0-2. Бојан Иванов и Дејвид Митревски беа стрелци на головите за гевгелискиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













