Спортскиот директор на Барселона, Деко, ги сподели своите впечатоци од одлуката на Чави да се повлече од тренерската позиција на крајот од сезоната.
„Не ја очекував изјавата на Чави. Работев со него секојдневно, планиравме да потпишеме и нов договор, а исто така одлучивме дали мораме да бараме нов играч во јануари поради повредата на Балде“, изјави Деко.
Чави објави дека ја напушта Барселона на крајот на сезоната по поразот од Вилјареал (3-5) во 22.коло од Ла Лига. Тој е на кормилото на тимот од есента 2021.
Барселона е на третото место во Ла Лига со 50 бодови, осум помалку од лидерот Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













