Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, ќе отсуствува меѓу две и три седмици, пренесува „Скај Германија“. Тој се здоби со повреда на коленото на натпреварот против Борусија Менхенгладбах во саботата. Се очекува да биде заменет од Рафаел Гереиро во претстојните важни натпревари на Баварците.
Повредата на канадскиот интернационалец е уште еден проблем со кој треба да се справи Томас Тухел. Во сабота Баерн гостува кај лидерот Баер Леверкузен во важна пресметка за врвот во Бундес-лигата. Потоа следува и првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Лацио.
Тухел се надева дека Џошуа Кимих и Дајот Упамекано ќе се опорават за пресметката со Баер Леверкузен. Германскиот репрезентативец од денеска продолжува со тренинзи со топка. Тој до неодамна се опоравуваше од повредата на рамото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













