Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не е премногу разочаран поради израмнувачкиот погодок на Атлетико Мадрид во градското дерби, кој дојде во последните мигови, за конечни 1-1. Италијанскиот стратег смета дека неговиот тим играл добро, но неимал среќа и затоа се случи голот на Маркос Љоренте.
„Одигравме добар меч, ја контролиравме играта, но немавме среќа и на крајот примивме гол. Реал Мадрид победи на многу натпревари оваа сезона благодарение на головите во последен момент, не треба да се обвинуваме себеси. Водиме на табелата во Ла Лига, не сум загрижен, тимот игра добар фудбал. Тоа ми дава самодоверба”, истакна Анчелоти.
Тренерот на „кралевите” посебно го пофали голманот Андриј Лунин, кој имаше неколку одлични интервенции во некои од ситуациите на натпреварот.
„Тој заврши многу добра работа. Одбрани одлично при шансата на Гризман и јасно е дека не спаси”, додаде Анчелоти.
Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига, со два бода предност пред Џирона и осум бода позитива во однос на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













