Connect with us

Покетино е пред отказ: „Јас сум виновен, но и фудбалерите мора да преземат одговорност“

Маурисио Покетино е пред отказ откако Челси уште еднаш разочара и загуби со 2-4 од Вулверхемптон на домашен терен, а навивачите го испратија тимот со свирежи.


„Сините“ одиграа уште еден слаб натпревар, Покетино го призна тоа, прифати дел од вината, но упати и жестоки критики кон фудбалерите.

„Не бевме сите доволно добри, вклучувајќи ме и мене, кој има најголема одговорност и тоа е реалноста. Покажавме дека не сме на вистинско ниво и целосно се согласувам со тоа”, изјави Покетино.

„Не го направивме тоа како што треба и нема да бидам тука и да кажам дека сум најголем, а играчите се најслаби. Сепак, и тие, исто така, мора да го преземат својот дел од одговорноста, како и јас”, додаде тој.

„Мораме да продолжиме да работиме, да се обидуваме да ги промениме работите и да бараме различни решенија”, истакна разочараниот стратег на Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови