
Атлетико Мадрид успеа да остане непоразен на големото градско дерби против Реал играјќи 1-1. Тимот на Диего Симеоне се спаси од пораз во последните мигови од судиското продолжение, кога Маркос Љоренте, екс-играчот на Реал, со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на „кралевите“.
Реал Мадрид имаше водство од 20.минута, кога Брахим Дијаз постигна гол. Тој доби шанса како стартер откако Винисиус Жуниор отпадна во последен момент, жалејќи се на повреда при загревањето.
Реал е лидер на табелата во Ла Лига со 58 бода, два повеќе од Џирона и осум позитива во однос на Барселона.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
