Connect with us

Интер го доби големото дерби против Јуве (ВИДЕО)

Интер го победи Јувентус во дербито на „Џузепе Меаца“ со 1-0 и сега има четири бода предност во однос на „старата дама“ на врвот на табелата во Серија А. Тимот на Симоне Инзаги покажа поголема желба за триумф, а победи со автоголот на Федерико Гати во 37.минута.

Тој беше во дуел со Маркус Турам и во обид да расчисти во петерецот, на крајот ја испрати топката во сопствената мрежа.

Интер имаше уште неколку шанси, Чалханоглу го погоди дирекот, Марко Арнаутовиќ во финишот не искористи зицер откако Шчешни го одбрани неговиот удар, но на крајот ја исполни целта и сега се одлепи на врвот на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови