Connect with us

Дончиќ предизвика „лудило“, го објави Мбапе во дресот на Реал Мадрид

Лука Дончиќ дојде во Реал Мадрид, професионалната кариера ја започна во „кралскиот клуб“ и таму стана еден од најдобрите светски кошаркари.


И денеска кога го носи дресот на Далас Маверикс будно ги следи случувањата во Мадрид. И не само кога се работи за кошаркарскиот клуб.

Со една објава на Инстаграм ги крена сите љубители на фудбалот на нозе.

Откако бројни француски медиуми ја објавија информацијата дека Килијан Мбапе конечно на лето ќе дојде во Реал, Дончиќ на својот инстаграм профил објави фотографија од напаѓачот во дресот на мадридскиот клуб.

Многумина се убедени дека Дончиќ знае нешто повеќе. Тој е пријател со Мбапе, па многумина оваа објава ја сфатија како потврда дека Мбапе од следната сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови