Connect with us

Милан со пресврт до триумф против Фросиноне (ВИДЕО)

Милан со многу мака и на драматичен начин успеа да стигне до триумф (2-3) на гости против Фросиноне, иако во вториот дел имаше и негатива. „Росонерите“ во финишот покажаа победнички карактер, а го слават Лука Јовиќ кој го постигна победничкиот гол во 81.минута.

Жиру во 17.минута го отвори резултатот, но Суле од пенал израмни само седум минути подоцна.

Мацители во 65.минута го изненади Милан со втор гол и предност за Фросиноне, но, сепак, „росонерите“ реагираа брзо и се погрижија за нов пресврт.

Матео Габија во 72.минута израмни на 2-2, а Лука Јовиќ девет минути подоцна донесе победа за составот на Стефано Пиоли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови