Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше информацијата дека напаѓачот на „граѓаните“ Ерлинг Халанд би можел да се пресели во Реал Мадрид.
„Не знам, треба да ги прашате медиумите од Мадрид. Можеби тие знаат повеќе од нас. Ние не чувствуваме дека тој е несреќен овде“, изјави Гвардиола за „ЕСПН“.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид се подготвува за трансфер на 23-годишниот Норвежанец на „Сантијаго Бернабеу“.
Ерлинг Халанд настапува за Манчестер Сити од летото 2022. Сезонава одигра 23 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања, постигна 19 гола и имаше пет асистенции. Тој беше повреден околу два месеци, но сега е подготвен за враќање на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













