Белгиската ѕвезда Еден Азар очигледно ужива во пензијата, нема секојдневни обврски и тренинзи како кога беше фудбалер, а многу повеќе патува низ светот. Белгиецот пред неколку дена даде интервју во кое откри зошто од самиот старт бил свесен дека нема да игра до 40 години, како што тоа го прават денес многу фудбалери.
Тој одлучи да ја завршиу активната кариера на 32 години бидејќи знаеше дека начинот на живот што го води не му помага да издржи подолго во однос на активниот фудбал.
„Не внимавав што јадам и како јадам, но навистина не јадев хамбургери секој ден. Не можете да живеете така 16 години без да внимавате на вашата исхрана, но не размислував дека тоа е важно. Јас сум хедонист, сакам да јадам и да пијам со друштвото. Диетата е обично ср*ње и не ми помогна“, изјави Азар за „Л’Екип“.
„Ако сакате да играте до 40 години, тогаш во ред, мора да се грижите за сè. Но, јас знаев дека нема да бидам еден од тие фудбалери и знаев дека ќе се пензионирам предвреме. Секогаш имав шампањ и калочрична храна во фрижидерот која и не е за фудбалери, ама јас сум едноставно таков“, истакна поранешниот ас на Челси и на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal