Голманот на Милан, Мајк Мењан, е блиску до потпишување на нов договор со клубот. Финансиските услови во договорот ќе бидат значително поповолни за францускиот репрезентативец.
Според „Газета дело спорт“, тој ќе стане најплатениот фудбалер на „росонерите“.
Мењан во моментов е врзан за Милан до 2026 година. Тој сака да добие двојно зголемување на годишната плата. Тоа значи дека ќе се израмни со Рафаел Леао и ќе биде најплатен во тимот.
Милан го ангажираше Мајк Мењан од Лил во 2021 година, плаќајќи 15,4 милиони евра. Голманот одигра клучна улога во освојувањето на титулата во Серија А во дебитантската сезона со италијанскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













