Галатасарај и официјално потпиша две нови засилувања од Премиер – лигата. Гигантот од Истанбул се засили со напаѓачот на Фулам, Карлос Винисиус и десниот бек на Нотингем Форест, Серж Ауриер.
Бразилскиот фудбалер кој во тимот на Марко Силва одигра вкупно 48 натпревари, постигна осум гола и имаше три асистенции, од Фулам пристигнува на позајмица до крајот на сезоната. Карлос Винисиус ќе го чини Галатасарај сума од 600.000 евра кои ќе им ја платат на лондончани, а турскиот гигант целосно ќе ја покрие платата на играчот.
31-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Серж Орие, ќе го замени Саша Боје, кој беше продаден на Баерн Минхен.
Тој доаѓа во Галатасарај на постојан трансфер за 100.000 евра, а неговиот договор е до крајот на сезоната. Тој досега оваа сезона забележа 13 настапи за Нотингем Форест.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













