Артуро Видал (36), еден од најпознатите чилеански фудбалери на сите времиња, по 17 години се врати во Коло Коло. Неговото враќање во клубот каде што се проби како млад беше спектакуларно.
Со хеликоптер слета на центарот на теренот на стадионот „Монументал“. Кога тој излезе од него во полна опрема, дрес и копачки, толпата го пречека во делириум.
Но спектаклот не заврши тука, Видал потоа облече црна наметка, а на тревникот беше донесен коњ. Видал се качи, ги зеде круната и мечот што му беа додадени и така триумфално јаваше низ теренот на коњ, поздраувајќи ја толпата која беше во делириум.
Видал ја започна импресивната кариера во Коло Коло, а потоа играше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона, Интер, Фламенго, Атлетико Параненсе, додека за репрезентацијата на Чиле настапи 142 пати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













