Идната ѕвезда на европскиот фудбал, Швеѓанецот Лукас Бергвал пред два дена се договори со Барселона, но нема да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“.
Шведскиот фудбалер договорил се со каталонскиот клуб, но тогаш во борбата се вклучил и Тотенхем и 18-годишниот Бергвал решил да замине во Лондон.
Бергвал одигра 29 натпревари за Ѓургарден и шведскиот клуб за него треба да добие околу 10 милиони евра. Во јануари талентираниот играч за врска дебитираше за шведската репрезентација на пријателскиот натпревар против Естонија.
„Бергвал беше желба на голем број од најголемите европски клубови, но на крајот остана трката меѓу Барселона и Тотенхем. Тој го избра англискиот клуб, денеска треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе потпише петгодишен договор. Бергвал ќе му се приклучи на својот нов клуб во летниот преоден рок“, објави „Скај Спортс“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













