Connect with us

Џеси Лингард ќе ја продолжи кариерата во Јужна Кореја

Поранешниот англиски репрезентативец Џеси Лингард избра интересна дестинација за следен чекор во кариерата. 31-годишниот фудбалер кој е без тим од летото ќе потпише со јужнокорејскиот ФК Сеул.


Се е договорено меѓу двете страни. Лингард ќе се посвети на својот нов клуб за период од две години, а веста ќе биде официјално потврдена до крајот на неделата.


Другите опции на Лингард беа Саудиска Арабија и Турција.


Офанзивецот последен пат играше за Нотингем Форест. Во сезоната 2022/23 забележа 20 настапи и два гола во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови