Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Серж Гнабри, го одработи својот прв целосен тренинг по повредата на левиот адуктор, соопштија од бундеслигашот. Гнабри имаше и скинати мускулни влакна и истегнување на тетивата во задниот дел на истата нога.
„Серж Гнабри веќе започна со вежби за директно трчање на теренот и на патеката пред две и пол недели. Тој веќе тренира со тимот, иако превентивно излезе од теренот во последните минути“, се вели во соопштението на германскиот шампион.
Гнабри се повреди минатиот декември на натпреварот од Бундес-лигата против Ајнтрахт Франкфурт. Од тој момент до денес тој помина низ голем број фази од неговото лекување, како и рехабилитација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













