
Барселона е во големи проблеми во пресрет на саботното гостување кај Алавес. Вечерва Реал може да избега на 10 бода доколку „кралскиот клуб“ го победи Хетафе, а во последните три натпревари забележа два порази, меѓу кои и елиминацијата од Атлетик Билбао во Купот.
Синоќа каталонскиот тим успеа да ја победи Осасуна, но и тој натпревар не мина без „жртви“.
Барселона на почетокот на оваа недела го загуби Жоао Феликс поради повреда, а синоќа и Феран Торес уште во седмата минута мораше да го напушти мечот со Осасуна поради проблем со мускулот, па и тој ќе отсуствува неколку недели.
Тоа значи дека вкупниот број на повредени играчи во Барселона се искачи на деветмина, оставајќи го Чави Хернандез со само 12 сениори. Се чини дека екстремно младите играчи Ламин Јамал, Хектор Форт, Пау Кубарси и Марк Гуиу сега се дел од најтесните планови на Чави, го сакал тоа или не.
Но, проблемите не завршуваат тука. Роналд Араухо и Жоао Кансело исто така пријавиле болки во коленото по натпреварот со Осасуна. Двајцата се клучни играчи и без нив Чави ќе мора да се потпре на Форт како лев бек и на Андреас Кристенсен во централната дефанзива.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
