
Килијан Мбапе донел одлука за својата иднина и таа не е поврзана со Пари Сен Жермен, тврди „Марка“. Тој е подготвен да го направи следниот чекор и да направи трансфер во Реал Мадрид претстојното лето.
Француската суперѕвезда овој месец ќе го извести клупското раководство дека нема да потпише нов договор и ќе го направи следниот чекор во кариерата.
Шпанскиот гигант веќе две години се обидува да го доведе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, а овојпат му најави дека ќе ја има последната шанса тоа да се случи по завршувањето на сезоната.
Тој би дошол како слободен агент, но целата операција ќе чини околу 200 милиони евра, а најголем дел од парите ќе завршат кај Мбапе и неговата мајка, која е и негов фудбалски агент.
#LaPortada '¡Dilo ya!' pic.twitter.com/V3us8sJFmo
— MARCA (@marca) January 31, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
