
Барселона минимално ја победи Осасуна со 1-0 во натпревар од 20. коло во Ла Лига, со што Каталонците се вратија на победнички пат по катаклизмата што ја доживеаја во последната недела.
Тоа беше прва победа за тимот откако тренерот Чави Хернандез објави дека ќе се повлече на крајот на сезоната, а триумфот го донесе новото засилување Витор Роке.
„Ова е многу важен момент за Витор. Замислете ги неговите чувства по неговиот прв гол за Барселона, кој беше и победничка. За толку млад играч е многу важно постепено да се навикнува на новите услови. Мислам дека овој гол ќе има многу сериозно влијание врз процесот на адаптација. Тој знае што може да направи и овој гол ќе биде добар за неговата самодоверба и напор и треба да му помогне да се докажува во иднина“, изјави Чави.
Тренерот на Барселона не ги штедеше критиките кон некои од поискусните играчи кои не се претставија задоволително. Напаѓачот Роберт Левандовски беше меѓу нив, а коментарите на Чави ја допреа слабата ефективност на Полјакот во последниот период.
„Деновиве многу разговаравме со него. Не смее да се оддалечува од шеснаесетникот. Роберт мора да биде подготвен да решава епизоди во противничкиот шеснаесетник. Тој треба да одлучува во клучните моменти од играта. Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи во светот и како таков треба да постигнува голови. На сите напаѓачи им се потребни голови за да си ја зголемат самодоверба“, дополни Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
