
Иван Тричковски со два гола го предводеше тимот на АЕК Ларнака до триумф од 3-1 над АЕЛ Лимасол, во директната пресметка на два тима кои се борат за шестото место и влез во плејофот од кипарскиот шампионат.
Само две седмици откако постигна четири гола на гостувањето против Ахнас, Тричковски ја презеде одговорноста и на денешниот дуел со АЕЛ, реализирајќи два пенали за значајни три бода на неговиот тим.
Македонскиот напаѓач биеше прецизно во 15. минута од натпреварот, а откако гостите израмнија пред крајот на првото полувреме, Тричко-гол повторно беше прецизен од белата точка и по девет минути игра во вториот дел, носејќи го тимот на АЕК Ларнака и до второ водство. Конечните 3-1 ги постави Акоран, кој влезе во игра токму на местото на македонскиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal