Жозе Мурињо, португалскиот стратег кој неодамна доби отказ од Рома, сака да се врати во Манчестер Јунајтед, објави британскиот „Дејли Мејл“.
Британскиот весник истакна дека од извори блиски до Мурињо дознал дека Португалецот верува како има незавршена работа на „Олд Трафорд“ по заминувањето во декември 2018 година.
Мурињо го презеде Манчестер Јунајтед во 2016 година по заминувањето на Луј ван Гал. Во првата сезона ја освои Лигата на Европа и Карабао купот, а во следната заврши на второто место во Премиер – лигата зад недопирливиот Манчестер Сити. Тој имаше договор до 2021 година, но по серијата лоши резултати доби отказ.
Манчестер Јунајтед сезонава е во голема криза, се наоѓа само на деветтото место во Премиер – лигата и има 16 бода помалку од лидерот Ливерпул. Британските медиуми веруваат дека менаџерот Ерик тен Хаг наскоро би можел да добие отказ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













