
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и се сели во Обединетите Арапски Емирати. Тој е на прагот на трансфер во Ал Наср.
Тренер на Ал Наср е Хрватот Крунослав Јурчиќ, кој сака да го доведе Адеми како големо засилување.
Хрватските медиуми откриваат дека понудата пристигнала во текот на ноќта и дека Адеми веќе ги договорил личните услови со Ал Наср, а во тек се преговорите меѓу двата клуба за отштетата.
Аријан Адеми за Динамо Загреб има одиграно 252 натпревари и постигна 22 гола. Тој ја носи капитенската лента на „модрите“.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement