
Наполи официјално го објави новиот договор на Матео Политано, кој повторно потпиша со клубот до летото 2027 година. Неговата плата ќе биде 3,4 милиони евра по сезона.
Крилниот напаѓач му се приклучи на италијанскиот шампион пред почетокот на сезоната 2019/20, кога дојде на позајмица од Интер, а Наполи потоа го откупи трајно за 21 милион евра.
Политано досега одигра 175 натпревари со 29 гола и 24 асистенции за „партенопеите“ со кои има една титула во Серија А и еден трофеј во Копа Италија. Тој е и италијански репрезентативец, има одиграно 12 натпревари за „сквадра аѕура“ досега, постигнувајќи три гола и една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
