Столе Димитриевски ќе продолжи да го брани голот на Рајо Валјекано и во наредниот период откако македонскиот репрезентативен голман потпиша нов договор со мадридскиот второлигаш. Рајо при откупувањето на договорот на Димитриевски со Гимнастик потпиша договор со Македонецот до 2022 година, а со денешното продолжување тој ќе остане уште две дополнителни сезони дел од овој клуб.
Валенсија минатото лето го бараше Димитриевски како резервен голман, понуди подготвија и Бетис и Еспањол, но раководството на Рајо остана на ставот дека иднината на Македонецот треба да биде во овој клуб. Нашиот репрезентативец сезонава е стандарден на голот во „Секунда дивизион“, па и покрај променливите игри на неговиот тим важи за еден од најдобрите поединци во таборот на Рајо.
Рајо Валјекано се наоѓа на 11. позиција со биланс од седум победи, 12 нерешени и пет порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













