Фудбалската федерација го потврди пријателскиот натпревар меѓу Чешка и Македонија. Селекциите ќе се соочат на 10. јуни во Прага.
Претходно, нашиот национален тим на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека.
„Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот фудбалски сојуз да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет. Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации. Чешка има силен тим, но сакаме да видиме каде сме во тој момент и што треба уште да подобриме во пресрет на отворањето на Лига на нации. Сигурен сум дека гледачите ќе уживаат во квалитетен натпревар“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.
Со селекцијата на Чешка, македонската репрезентација досега има одиграно три натпревари. Во квалификациите за СП 2006 загубивме во двете пресметки, а одигравме 1-1 на пријателскиот меч во 2001 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski