Дарко Тасевски нема да може да настапува до крајот на сезонава по тешката повреда што поранешниот македонски репрезентативец ја заработи на денешниот пријателски меч меѓу неговиот тим Славија Софија и летонскиот клуб Спартакс Јурмала. Како што јавуваат бугарските медиуми, Тасевски бил жртва на брутален старт од еден летонски фудбалер, при што заработил тешка повреда на коленото.
„Игравме со Летонци кои удираа како луди. ЕДен од нив, како касап, тргна на Тасевски и Дарко тешко се повреди. Тој ги скина лигаментите, ќе паузира најмалку шест месеци и дефинитивно нема да се врати до крајот на сезонава“, изјави претседателот на Славија, Венцислав Стефанов.
Тасевски во првиот дел од сезонава одигра 11 натпревари за Славија Софија, постигнувајќи еден гол и две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













