Connect with us

Марко Асенсио доаѓа во Баер Леверкузен по титула во Германија?

Марко Асенсио би можел да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од преодниот рок.
Според последните информации, Чаби Алонсо контактирал со својот сонародник и му понудил место во својот тим во жестоката битка за титулата со Баерн Минхен.


Иако од Париз тврдат дека Асенсио не е на продажба, желбата на играчот може да биде пресудна. Асенсио не е стандарден кај Луис Енрике, дефинитивно очекуваше да помине повеќе од претходните 571 минути на теренот.


Асенсио забележа 12 настапи, главно како замена во клучните натпревари, постигна четири гола и забeлежа три асистенции. Точно е дека во добар дел од сезоната се повреди, но и кога се опорави впечаток е дека другите имаат предност пред него.


ПСЖ е секако поголем предизвик во моментов, бидејќи ќе се бори за Лигата на шампионите, но од друга страна, желбата за поважна улога во тимот може да го натера Марко Асенсио да се пресели во Бундес-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови