
Бразилскиот репрезентативец Нејмар се појави во јавност по подолг период и шокираше со својот изглед. Бразилските медиуми тврдат дека тој за време на рехабилитацијата се здебелил повеќе од десетина килограми.
Нејмар беше меѓу гостите кои беа присутни на роденденската забава на фудбалската легенда Ромарио.
За саудискиот напаѓач, Ал Хилал, ова е прво јавно појавување по три месеци откако ги скина предните вкрстени лигаменти и беше опериран на крајот од ноември.
Фотографиите од доаѓањето на Нејмар на прославата во ноќен клуб во Рио де Жанеиро се појавија на социјалните мрежи, покажувајќи дека е сериозно здебелен.
What's Neymar feeding on? pic.twitter.com/AeOQS3DoVc
— Trends (@trends_234) January 29, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
