
Виктор Осимен следната сезона нема да го носи дресот на Наполи. Тоа индиректно го навести и самиот напаѓач, а сега го потврди и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
„Тоа го знаеме од минатото лето. Во спротивно, преговорите за продолжување немаше да бидат толку долги. Знаевме дека Осимен има цел да им се приклучи на Реал Мадрид, ПСЖ или на некој гигант од Премиер – лигата“, изјави Де Лаурентис.
Новиот договор на Осимен вклучува откупна клаузула од 130 милиони евра, а гореспоменатите клубови дефинитивно нема да имаат проблем да платат ваква сума за одличниот напаѓач.
Виктор Осимен во Наполи минатата сезона се профилираше како еден од најдобрите напаѓачи во светот. Оттогаш почнаа поинтензивни разговори за неговата иднина, а со неодамнешното продолжување на договорот со Наполи до 2026 година, се чинеше дека Нигериецот одреди каде ќе игра во наредните сезони.
Сепак, се случи токму спротивното, а сега со сигурност може да се каже дека Осимен следната сезона нема да го носи дресот на клубот од Неапол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
