
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, објави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната. Германецот ја објасни својата одлука со фактот дека тој повеќе нема енергија да продолжи да го води тимот.
56-годишниот Клоп има договор со „црвените” до летото 2026 година, но призна дека во ноември минатата година ја донел одлуката што ја објави денеска.
„Едноставно морам. Мислам дека веќе ја немам онаа потребна енергија за да се соочувам со сите предизвици“, изјави Клоп.
Стратегот беше назначен на оваа функција на 8 октомври 2015 година и за осум и пол години на „Енфилд“ донесе шест значајни трофеи во клубот.
Помошниците на Клоп, Пеп Линдерс и Питер Кравиец, исто така, ќе заминат од позициите на крајот од сезоната, а првиот планира да започне сопствена кариера како менаџер.
A message to Liverpool supporters from Jürgen Klopp. pic.twitter.com/l7rtmxgOzt
— Liverpool FC (@LFC) January 26, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
