Реал Мадрид нема намера да го направи Килијан Мбапе најплатен играч на клубот. „ЕСПН“ објави дека 14-кратниот клупски шампион не планира да му плати на францускиот репрезентативец повеќе од годишната плата што ја имаат бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор и англискиот играч за врска Џуд Белингам.
Нивната плата во мадридскиот клуб е 10,5 милиони евра годишно.
Договорот на Мбапе со Пари Сен Жермен истекува во летото 2024 година. Во тековната сезона одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна 28 гола и забечежа шест асистенции.
Најновата информација од Мадрид е дека напаѓачот Винисиус Жуниор се заканил на раководството на клубот дека ќе го напушти тимот доколку „кралевите“ потпишат договор со Килијан Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













