Арсенал е се поблиску до потписот на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. 24-годишниот фудбалер веќе подолго време е желба од „топчиите“, кои се очекува наскоро да се договорат со баскискиот клуб, тврди „АС“.
Се очекува Арсенал да ги откупи правата на Зубименди сега, но ќе ја заврши сезоната во Реал Сосиедад пред да го ангажира во лето. Така шпанскиот клуб ќе биде задоволен што нема да остане без клучен играч на средината на сезоната, додека „топчиите“ гарантираат дека ќе ги победат конкурентите за неговиот потпис.
Зубименди за баскискиот клуб има 173 настапи, осум гола и седум асистенции. Покрај тоа, играчот од средниот ред стигна и до репрезентацијата на Шпанија, за која има четири натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal