Connect with us

Пандев се повреди, ќе биде ли „фит“ за Косово?

Горан Пандев го очекува пауза од фудбалските терени, а македонската јавност се надева дека таа нема да биде премногу долга, за капитенот на националниот тим максимално подготвен да го дочека бараж-дуелот со Косово што ќе се игра на 26 март во Скопје. 

Искусниот голгетер го предводеше тимот на Џенова на денешното гостување против Болоња, но мина само десетина минути на теренот. Тој самиот побара да биде заменет, а според првичните информации на италијанските медиуми, станува збор за удар во пределот на коленото.

Она што е добро на прв поглед е што Пандев самиот го напушти теренот, повредата навидум не е премногу сериозна, но останува да се види лекарската дијагноза и прогнозите колку тој ќе отсуствува од фудбалските терени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови